Во дворот на ООУ „ Лазо Трповски“, денеска се одржа обука за ракување со противпожарни апарати, како и за безбедносна евакуација при настанување на пожар. Како што нагласи и раководителот на Одделението за  заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра при Општина Карпош Раде Мицковски, оваа обука е со цел, вработените во локалната самоуправа да стекнат основни знаења и вештини при ракување со овие противпожарни апарати.

-Безбедноста и заштитата на работното место кај секој вработен  е една од најбитните предуслови при функционирањето на работата. Само безбеден и заштитен вработен , може да биде и ефективен и ефикасен работник, нагласи Мицкоски.

 На обуката учествуваа вработени во локалната самоуправа при Општина Карпош.