Општина Карпош организираше бесплатна еднодневна обука наменета за сите заинтересирани невработени лица од територијата на Општината. Обуката за посетителите кои аплицираа за неа – жители на Карпош, ја одржа предавачот  м-р Павле Зимбаков. Тој во четиричасовното предавање,  им помогна на заинтересираните невработени, околу тоа како да дојдат полесно до вработување, односно како да направат највпечатливо CV.

 Тематската обука опфати и презентација на вештини за пишување на кратка биографија – CV, креирање на мотивационо писмо, создавање на можности за вработување и самовработрување во Македонија, унапредување на сопствените квалификации и разработка на почетна идеја за сопствен бизнис.

                        Оваа првична обука  се одржа во просториите на урбаната заедница Карпош 1 и истата е дел од активностите предвидени со Програмата за еднакви можности на жените и мажите за 2016 година на Општина Карпош..