Спроведена е обука со десетте основни училишта на територија на Карпош, за започнување на настава по електронски пат за учениците од деветто одделение. Ваквиот начин на учење доаѓа како резултат на состојбата за превенција и заштита од Covid – 19 (коронавирус).

 

Имено, денеска беше претставена платформата пред присутните наставници, кои изразија подготвеност да го прилагодат наставниот материјал и да организираат учење по електронски пат.

 

Секое училиште ќе креира платформа на Google drive, преку која ќе се прикачуваат материјалите, кои согласно наставните програми, би се учеле во овој период од годината. Опфатени ќе бидат осум предмети: македонски јазик, математика, физика, хемија, биологија, историја, географија и англиски јазик.

 

Наставниот кадар ќе прикачува презентации, предавања во форма на видео формат, прашања и анкети за учениците и други образовни содржини. Целта е да се создаде интерактивна настава, која ќе придонесе во надоместување на изгубениот наставен материјал и анимирање на учениците.

Најрпрво, е – наставата започнува за учениците од деветто одделение, со намера и препорака да се пренесе и во пониските одделенија.

 

За овој тип на предавања, Општината ги информираше Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование, при што е  добиена согласност за нивно спроведување. Станува збор за неформално организирање на наставниот процес.