Општина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред училиштата и градинките со цел да ја подобри безбедноста во сообрачајот.

Активоста која се реализира во рамки на годишната  програма  на Секторот за комунални работи, опфаќа пребојадисувањето на  пешачките премини и уличните училишни  ознаки, пред десетте основни училишта во Карпош.

Во рамки на акцијата ќе бидат ќе бидат обновени и пешачките премини пред десетте објекти на четирите детски градинки во Карпош.

Со обновување на сигнализацијата се обезбедува поголема видливост на пешачките премини и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Апелираме за внимателно и одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.