Општина Карпош започна со целосна реконструкција на фудбалското игралиште во Бардовци кое се наоѓа во непосредна близина на плоштадот. Во текот на денешниот ден игралиштето ќе биде асфалтирано во целост.

Реконструкцијата на фудбалското игралиште е во контекст на обновување на целата зона за спорт во Бардовци, дополнително збогатена со нови содржини за спорт и рекреација за сите граѓани.

Локалната самоуправа опстојува на својата цел за изградба на спортско – рекреативни центри во поголем дел од населбите во Карпош.

Во изминатиот период започна реконструкција и на спортското игралиште во ОУ “Војдан Чернодрински” и ОУ “Јан Амос Коменски”, а веќе се обновија кошовите во училишниот двор на “Петар Поп Арсов”.