Интензивно се работи на подобрување на условите во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, долж улицата „Варшавска“. Започна целосната замена на прозорци и врати во објектот, со што ќе се постигне поголема енергетска ефикасност. На овој начин, ќе се придонесе за помали трошоци за електрична енергија.

 

Овој период, кога е прекинат воспитно – образовниот процес се користи за да се подобри состојбата во оваа детска установа која со години беше во лоши услови.

 

Во градинката веќе се работи и на санација на тоалетите и подобрување на хигиенско – санитарните услови. А, ќе се продолжи и со обнова на подот, кровната површина и фасадата.

 

Локалната самоуправа продолжува со унапредување на условите во предучилишното образование. Во изминатиот период, во Карпош започна со работа и целосно новиот објект на градинка во Бардовци, „Виножито“ (во склоп на ЈОУДГ „Распеана младост), како и објектот „Јасмин“ (во склоп на ЈОУДГ „Мајски цвет).