Општина Карпош постави нови кошови на спортското игралиштето во Жданец. Станува збор за едно од пофреквентните места во овој дел од Карпош, каде што младите и повозрасните спортуваат и се рекреираат. Обновата на ова игралиште ја побараа и присутните граѓани на маалската средба со градоначалникот Стефан Богоев, која се одржа во текот на летниот период.

 Општина Карпош во изминатиот период реконструираше повеќе детски и спортски игралишта, како и терени во училишните дворови. На овој начин се подобрува спортската инфраструктура во Општината и се создаваат услови за омасовување на спортот.