Игралиштето во основното училиште “Војдан Чернодрински”, во урбаната заедница Владо Тасевски (Млечен) наскоро ќе добие сосема нов лик. За таа цел започнаа активностите за обнова на партерно уредување на кое ќе може да се играат фудбал и кошарка, а ќе бидат поставени и нови придружни реквизити.

Целта на локалната самоуправа е и овој двор да прерасне во спортско рекреативен центар, со намена за спорт на учениците и рекреација за граѓаните од околните населби.

Ова е втора реконструкција на училишно игралиште, откако во изминатиот период се реконструираше и игралиштето во ОУ “Петар Поп Арсов”, при што се поставија нови кошови и осветлување.

За време на летниот распуст ќе започне и реконструкција на игралиштето во ОУ “Јан Амос Коменски”.