Општина Карпош го реконструираше детското игралиште во Козле (спроти Алумина).

Поставени се нови реквизити, урбана опрема (клупи за седење и корпи за отпадоци), а се санираше и заштитната ограда на игралиштето.

Во изминатиот период, локалната самоуправа обнови повеќе детски игралишта во различни урбани заедници.

Опстојуваме на определбата да овозможиме повеќе зони за рекреација на најмладите карпошани. 

Апелираме до сите граѓани на правилно користење на урбаната опрема и заштита на околниот простор и животната средина.