По објавата на податоците од мерната станица во Карпош за енормно загадување во Општина Карпош и присуство на 1.218 ПМ10  честички во саботата навечер, во текот на вчерашниот и денешниот ден ни се јавија повеќемина граѓани со посочување на можните загадувачи на територијата на Општина Карпош.

Според дојавите и снимки од жители на Карпош, во периодот кога имало најголемо загадување, од повисоките места во Карпош (кај манастирот Св. Пантелејмон) е забележан облак кој се движи долж течението на реката Лепенец кон Карпош.

 Поточно, според нивните кажувања, најверојатно станува збор за ПМ честички кои се нуспроизвод од изработка на градежни материјали,  а токму во тој дел кај Качанички пат се наоѓа најголемата цементарница на соседно Косово, но и други помали индустриски капацитети за произвидство на гипс и други градежни материјали.

Во секој случај, Општина Карпош очекува од надлежните државни инспекциски служби задолжени за заштита на човековата околина да го лоцираат најголемиот потенцијален загадувач и соодветно да реагираат, со цел да се спречат вакви испади.