Заради поголема безбедност во сообраќајот, Општина Карпош, денеска започна акција за обележување на хоризонталната сигнализација на своја територија. Во таа насока ќе бидат обележани пешачките премини околу сите десет основни училишта кои функционираат во рамките на локалната самоуправа. Во оваа пригода апелираме до сите учесници во сообраќајот, особено до оние кои управуваат со моторни возила, да ги почитуваат правилата во сообраќајот.