Денес, недела (11.09.2016 година), во населеното место Бардовци, со почеток во 19 часот, официјално ќе биде отворен за употреба новиот плоштад со фонтана во населбата Бардовци. На свеченото отворање ќе присуствува градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој ќе ги поздрави присутните.

Инаку, новиот плоштад се простира на околу 2.000 метри квадратни, кој содржи партерно и хортикултурно уредување, а работите ги изведе фирмата „Лутарико“. Изведувач на фонтаната како и поставување на урбана опрема, задолжена беше фирмата „Лапласт М“. Урбаниот плоштад чини околу дваесет милиони денари.