Интензивно се работи на подобрување на условите за престој во објектот на градинката „Орце Николов“, во Карпош 3. Овие денови се прави промена на подот во една од занималните на оваа установа, како и во централниот хол, којшто. Меѓудругото, се користи  и  за организација на приредби, настани и сл.

Стариот и дотраен паркет се заменува со хомоген ПВЦ под (линолеум), кој е поотпорен на бактерии и хемикалии, што е особено важно за заштита на здравјето на децата.

Во периодов што следи, во истиот објект ќе се направи и промена на подот во една од јасли просториите, како и во сите пристапни ходници на градинката.

Овие реконстукции се прават со средства од буџетот на градинката.

Општина Карпош и управите на градинките продолжуваат да работат на создавање на уште подобри инфраструктурни услови во предучилишните установи.

Изминатиот период почнаа да се прават реконструкции во повеќе градинки, а во сите објекти веќе се дезинфицираа душеците и теписите, за да се отстранат потенцијални бактерии од овие површини.

Локалната самоуправа ги прави сите подготовки за безбедно згрижување на најмладите, штом ресорните институции предложат повторно отворање на градинките.