Се очекува, Општина Карпош да го реализира својот проект до средина  на септември, годинава. Станува збор за новиот плоштад „Пецо Божиновски Кочо” кој ќе го облагороди постоечкиот простор, спроти студентскиот дом „Гоце Делчев” во населбата Козле.

Плоштадот ќе се протега на 10.000 м2 од кои 6.000 метри ќе бидат покриени со зеленило, 4.000 метри партерно уредување, 

фонтаната  ќе опфаќа 200 метри, а детското игралиште 390 м2.