Деновиве, Општина Карпош целосно го реконструираше детското игралиште кое се наоѓа помеѓу ул. „Бранислав Нушиќ“ и ул. „Веселин Маслеша“ во урбаната заедница Карпош 2. Детското игралиште е збогатено со повеќе разновидни реквизити кои нудат забава за најмалите жители на Општина Карпош.

Младите карпошани, со нивните родители, кои живеат во овој дел од локалната самоуправа, можат да се рекреираат и да се дружат особено во вечерните летни часови. Ова игралиште повеќе пати беше цел на демолирање и уништување од страна на несовесни граѓани и хулигани. Општина Карпош апелира до граѓаните, да се грижат за игралиштето, бидејќи истото претставува рекреативно катче, кое најмногу го користат најмалите карпошани.