Општина Карпош отвори нов Клуб за пензионерите од Влае. Новото катче за социјализација и дружење на највозрасните е лоцирано во Порта Влае.

Новите простории овозоможуваат подобри услови за престој на пензионерите, нивна меѓусебна комуникација и социјализација.

 

Денеска клубот го посети и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој е најмладиот градоначалник во нашата држава, во Општината со најголем број на возрасни сограѓани.

 

–                    Вие сте се грижеле за нас, помладите и денеска наша обврска е ние да подадеме рака кон вас. Нашата цел е овие клубови да прераснат во места на меѓугенерациска дружба. Затоа, предвидуваме и посети од страна на учениците од основните училишта, работилници за изработка на ракотворби, едукативни предавања за превенција од различни болести, шаховски натпревари и сл., рече Богоев.

 

Пензионерите особено го поздравија проектот за воведување на т.н. „Хумани патроли“ во Карпош. Со оваа политика, Општината ќе пружи нега и здравствена заштита за дел од пензионерите кои не се во можност да се грижат за себе.

 

Градоначалникот Богоев на пензионерите им додели и друштвените игри за клубот (шах, табла, домино), како и повеќе фотографии од нашиот Карпош, со цел да се разубави внатрешноста на просторот.

Овие нови катчиња за пензионери овозможуваат различни содржини за повозрасните, активности и програма која на вистински начин ја поттикнува комуникацијата меѓу пензионерите.

 

Во претстојниот период, сличен ваков клуб ќе се отвори и во Бардовци. Новите пензионерски клубови се дел од програмските активности на Општината за 2019 година.