Општина Карпош го издаде новиот број од општинскиот магазин “Карпош Ин”.

Локалната самоуправа продолжува навремено да ги информира граѓаните за сите новости во Општината, проекти и случувања.

Сепак, заложбата е да оставиме простор и на голем број интелектуалци, граѓански организации, искусни карпошани и млади ентузијасти да говорат за Карпош.

 

Во овој број ќе може да прочитате сведоштво за катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година.

Информирајте се за актуелниот проект на Општина Карпош кој го привлече вниманието на голем број на граѓани, Мој Карпош – Моја картичка.

Во рубриката “урбано”, ѕирнете во првиот приватен забавен парк за кучиња кој е лоциран во Бардовци.

Дознајте повеќе и за младата модна креаторка Евгенија Зафировска која посакува да остави свој печат на модната сцена.

 

Ќе може да прочитате и повеќе информации за проектите кои се реализирани или се во тек, како што се спортско – рекреативните центри во голем број од училиштата во Карпош, воведување на дежурни служби за одржување на почиста животна средина и сл.

 

И во ова издание имате шанса да добиете совети за здравје, како и насоки за заштита на најмладите од сите опасности кои се појавуваат на интернет и социјалните мрежи.

 

Општинскиот магазин “Карпош Ин” е достапен и во електронска форма на следниот линк:

https://karpos.gov.mk/Upload/Editor_Upload/Karposh%20in%20285%20x%20205%20Juli.pdf