Граѓаните на Општина Карпош, овие денови ќе го добијат новиот број од општинскиот магазин „Карпош ИН“, а истиот ќе биде достапен и на веб страната.

Во овој двоброј, карпошани ќе можат да прочитаат повеќе разговори и интервјуа и тоа со: Ана Голејшка (активист и поетеса), со Никола Нешкоски од здружението „Еко – логик“, кој зборува за вело – инфраструктурата и зголеменото користење на велосипедот како превозно средство, но и сторија за суперпродавницата „Литература.мк“, во која граѓаните можат да читаат книга и да уживаат во добро кафе.

Тема на бројот е почетокот на воспитно – образовниот процес и сите активности кои локалната самоуправа ги презема за безбедна работа на градинките и основните училишта.

Исто така, прочитајте за семејниот бизнис – цвеќарницата „Жереми Гарден“, која повеќе години работи во населбата Тафталиџе.

Во ова издание на магазинот даваме одговори и на најчесто поставуваните прашања, а во рубриката „Млади и спорт“ можете да прочитате како локалната самоуправа станува општина – пријател на младите.

Како и секое издание, така и ова, на самиот крај може да се видат повеќе совети од областа на медицината. Неврологот Марија Гашоска, пишува за тоа како лицата со невролошки заболувања да се заштитат од Ковид – 19.