Општина Карпош продолжи со редовните градежни активности на своја територија. Во таа насока, денеска започнаа работите со гребење на асфалтната површина на улицата Јуриј Гагарин која се наоѓа во урбаната заедница Пецо Божиновски-Кочо, во населбата Козле.

Ќе се реконструираат коловозот и тротоарите на улицата во должина од 575 метри, а изведувач на инфраструктурниот зафат е фирмата „Ескаватори”. За оваа намена, локалната самоуправа од својот буџет издвои 6.540.000 денари.