Денеска, беше предадено во употреба детското игралиште на ул.  Варшавска, во населбата Тафталиџе 1. Игралиштето е  целосно реконструирано и   збогатено со разновидни детски реквизити. Освен постоечкиот летниковец, поставени се лулашки, „куќарки“ и други забавни содржини кои најмалите карпошани ќе ги користат, особено во летните вечерни часови.

Во детското игралиште се поставени и нови клупи, како и кошници за отпадоци.  Тафталиџани, со своите деца, ќе можат да го користат ова игралиште за дружба, рекреација и релаксација. Општина Карпош повеќе од  две години во континуитет  реконструира и поправа веќе постоечки детски игралишта и апелира истите да бидат сочувани и граѓаните на Карпош да се грижат за нив. Досега се целосно реновирани и пуштени во употреба единаесет вакви детски игралишта, додека во наредните две години локалната самоуправа ќе реновира и реконструира дополнително над дваесет урбани детски катчиња.