Завршува поставувањето на уличното осветлување на улицата Варшавска. Поставени се 15 столба и 16 LED светилки со цел да се обезбеди поголема прегледност помеѓу двете средни училишта.

Новото улично осветлување е донација од милион денари од фирмата ELTRA DOEL- Скопје. Новите светилки ќе се воведадт во функција од почетокот на идната недела.