Пред неколку дена, несовесни граѓани, повторно го покажаа своето хулиганство врз фонтаната на плоштадот „Делфина“ во Влае. Имено, за речиси две години откако е пуштен во употреба овој јавен објект, инвестиран од парите на граѓаните на Карпош, тој е предмет на десетина вандалски испади при кои се крадат прскалки, се фрлаат камења и стакла и се оштетува истата.

 Овој пат, повторно, освен големите камења и искршените шишиња во фонтаната се сквернавеа и орнаментот од рози во неа, а постоеше опасност да се оштети и машинскиот дел на фонатаната кој ја прочистува водата. Во сите случаи досега, Општина Карпош интервенираше на нејзиното чистење, но наскоро ќе биде поставено обезбедување со цел да се спречи хулиганството и недоличното однесување на некои сограѓани, а да се заштити овој објект кој го користат повеќето граѓани од овој дел на Карпош.