Општина Карпош постави ново осветлување на кошаркарското игралиште во дворот на основното училиште „Петар Поп Арсов”, во Карпош 4.

Поставени се нови столбови со четири рефлектори, со моќност од 400 вати, со што дополнително се подобруваат условите на ова игралиште на кое претходно се поставија и нови кошови.

Локалната самоуправа опстојува на својата заложба за обнова на училишните дворови кои прераснуваат во спортско – рекреативни центри кои ќе можат да бидат користени од страна на учениците, но и од граѓаните од околните населби.