Започна раззеленувањето на платото  кај „Педагошка“ во урбаната заедница „Владо Тасевски“ во општина Карпош. Овој јавен простор се уредува хортикултурно со 440 нови украсни растенија.

Дел од зеленилото ќе биде засадено и на платото на „Млечен“, а во оваа редовна акција на локалната самоуправа, се зголемува зелениот фонд во цел Карпош.

 

Ова е начин со кој се менува сликата за платоата, плоштадите, кои сега се оживуаат,раззеленуваат и стануваат најпосетувани места за рекреација на граѓаните.

 

Исто така, најголемиот дел од растенијата се со апсорбирачко дејство на штетни честички и прашина, со што директно се влијае врз заштитата на животната средина.

 

Во изминатиот период Општина Карпош сериозно работеше на одржување и креирање на нови зелени површини, со што Карпош станува се позелена општина. Па така, во последната акција беа засадени повеќе од 55 висококвалитетни дрвја и се подигнаа тревни површини на 1.560 квадратни метри.