ДенескаОпштина Карпош, преку Одделението за заштита на животната средина и природата, работеше на дополнително хортикултурно оплеменување на просторот на своја територија. Беше  засадено ново зеленило од квалитетни украсни дрвја и растенија во  девет жардиниери на платото на Млечен, како и на осум жардиниери на платото на Педагошка, во урбаната заедница „Владо Тасевски“.

 Целта на континуираната еко акција за зазеленување на Карпош е да се оплемени постоечкото, меѓублоковско зеленило и истото да се одржува во текот на целата година.