Општина Карпош засади нови украсни растенија во населбата Нерези, на потегот меѓу улиџите „Козле“ 8 и 10.   Во акцијата беа засадени 50 растенија од типот Buxsus и Juniperus.  Овој дел од Карпош наскоро ќе биде раззеленет и со 20 висококвалитетни листопадни дрвја, со што целосно ќе биде зголемена флората.

 

Денеска се садеа дрвја и во Карпош 3, меѓу Кинотека на Северна Македонија и ТЦ „Лептокарија“. Овие дрвја се донација од „Дајнерс Клуб“. 

 

Локалната самоуправа продолжува со континуирани акции, со цел, да го надомести изгубеното зеленило на својата територија.