Општина Карпош издаде двоброј од општинскиот магазин Карпош Ин.

Во новогодишното издание граѓаните ќе може да прочитаат 66 страни исполнети со различни содржини од областа на локалната самоуправа, музиката, културата, здравјето, образованиети и многу други теми.

Темата на бројот е посветена на десетте најуспешните проекти и настани на Карпош во изминатата година, по избор на редакцискиот тим.

Читателите може да прочитаат:

Ø  Интервју со домашниот бенд Funk Shui;

Ø  Урбана приказна за семкарот од Карпош 4;

Ø  за сексуалното здравје кое е табу тема кај нас;

Ø  анкета со карпошани за изминатата година;

Ø  Што открива стрес – тестот?

Ø  Бизнис катче – Jakomo првенци во еко дистрибуција на пици;

Ø  Гастроунати – зимската идила на Ревија.

Општинскиот магазин Карпош ИН се печати во 20.000  примероци и истиот ќе биде дистрибуиран до домаќинствата во Карпош.