Почитувани граѓани, драги карпошани,

 

Среќна Нова 2020 година! Ви посакувам добро здравје, среќа, љубов, успеси и прекрасни моменти поминати со Вашите најблиски.

 

Во Новата, 2020 година, продолжуваме со интензивни активности за рамномерен и плански развој на нашиот Карпош.

 

Во изминатата година покажавме дека нема друга алтернатива освен заштитата на животната средина и хуманизација на јавниот простор. Продолжуваме на тој пат.

Во годината што ни претстои ќе заврши изведбата на Спортско – адреналинскиот парк, а конечно ќе започнеме со ревитализација и на култната сала „Партизан“.

Станува збор за јавни површини кои трајно ги заштитивме и ќе бидат достапни за спортско – рекреативни активности на сите граѓани.

 

Новата година носи нови предизвици, желби и моменти за паметење.

Општина Карпош ќе продолжи да биде ваш партнер и поддржувач.

Ова е локална самоуправа која 365 дена е достапна и отворена за Вашите потреби, проблеми, сугестии и критики.

Карпош е ДОМ на сите генерации.

 

Имајте среќна Нова 2020 година! Среќни Новогодишни и Божиќни празници!