Почитувани граѓани, драги карпошани, 

Среќна Нова 2019 година! Ви посакувам многу здравје, среќа, успех и бериќет,  Вам и на Вашите најблиски.

Во Новата 2019 година планираме да направиме многу за Карпош.

Покрупни проекти кои би ги издвоил се:

Ø  Паркот којшто ќе почнеме да го правиме оваа година, ќе се протега од вештачката карпа покрај Вардар, до бунарите на реката Лепенец;

Ø  Исто така, планираме да воведеме и Хумани патроли со коишто ќе им помогнеме и ќе ги посетиме нашите најмили, највозрасните односно пензионерите. Ќе отвориме и повеќе нови пензионерски клубови со многу содржини во нив;

Ø  Оваа година, со работа ќе почне и целосно изградената (од темел) градинка во Бардовци, а ќе почнеме и со целосна реконструкција на градинката во Тафталиџе 1, „Мајски цвет“.

Ø  Со картичката Мој Карпош, од 2019 година, Вие, граѓаните на Карпош, ќе можете да добиете многу попусти и бенефиции во повеќе стопански субјекти на територија на Општината;

Ø  Во 2019 ја планираме и изградбата на првиот затворен, реонски базен во дворот на основното училиште „Јан Амос Коменски“, во Тафталиџе 1.

Планираме и тековно одржување на инфраструктурата, зголемување на нивото на хигиената, нови контејнери и уште повеќе садници на дрвја кои ќе го обноват и освежат зеленилото во нашиот Карпош.

Почитувани карпошани,

И во Новата 2019 година, продолжуваме заедно да работиме за модерен, развиен, убав и европски Карпош.