Предновогодишното расположение започна и во градинката Орце Николов во Карпош 3. Дечињата од четири до шест годишна возраст се дружеа со своите баби и дедовци.

Во духот на македонската народна традиција, децата заиграа народни ора,им кажаа на своите баби и дедовци неколку брзозборки, како и некои стари традиционални игри. Малите дечиња слушаа од своите баби кои им раскажуваа за стари предмети кои ги користеле во тоа време. Попладневните часови беа резервирани за родителите кои заедно со своите деца  ги покажаа своите креативни способности, како дел од традиционалниот новогодишен базар во градинката.