Во духот на традицијата, пензионерите од Карпош на новогодишен  ручек се дружеа со градоначалникот на општина Карпош.

         Во ресторанот,, Каскада” во населбата Влае, во организација на пензионерскиот клуб  ,, Карпош ” повозрасните карпошани  од т.н. трето доба, заедно со градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев поминаа неколку часови во пријатна претпразнична атмосфера.

         Како што нагласи и Богоев, спојот меѓу младоста и искуството е единствениот пат за развој и напредок на Општината. Првиот човек на Карпош им ги честиташе претстојните новогодишни и Божиќни празници посакувајќи им многу здравје и среќа во Новата 2018 година .