На денешната седница на Советот на Општина Карпош , советниците го одобрија Предлог- решението за давање согласност на годишен план за вработување за 2018 година во четирите детски градинки кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош, како и Предлог- решението за давање согласност на годишен план за вработување за 2018 година, во десетте основни училишта кои се под ингеренција на локалната самуправа.

На оваа 66. седница се одобрија и финансиски средства за реконструкција на фасади на колективни станбени објекти во Општина Карпош, како и се даде ,, виза“ за отпочнување на постапка за избор на членови во Советот на млади при Општина Карпош.  Советниците ја изгласаа и Одлуката  за давање согласност за потпишување на Договор за преземање на обврските за плаќање воден надоместок за наводнување кон индивидуалните земјоделски производители од месната заедница Бардовци. На оваа седница беа одобрени и одлуките за утврдување на вклопување на бесправен објект , изграден на дел од КП. Бр.903/1 КО Злокуќани, и КП бр.1177, КО Бардовци, како и КП.бр.646/36, КО Долно Водно  во урбанистичко- планските документации со кои се врши усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето.