Општина Карпош со гордост ги следи успесите на младите карпошани кои со својот труд, посветеност и спортски талент постигнуваат одлични резултати на меѓународни натпревари.

Ерик Антон, ученик во IV-а одделение во ООУ „Лазо Трповски“, освои прво место во својата категорија на меѓународниот џудо турнир „Sakura Cup – Katerini 2026“ во Катерини, Грција.
На истиот турнир, одличен настап имаа и Лука Настовски и Стефан Вељјаноски, ученици во III-а одделение во ООУ „Вера Циривири – Трена“, кои го освоија третото место и бронзен медал во возрасната категорија U8.

Ерик, Лука и Стефан се членови на Џудо клубот „Суперџудо“, а на турнирот покажаа голема борбеност, дисциплина, посветеност и желба за победа.

Нивните резултати се потврда за вложениот труд и континуираната работа, но и убав пример дека со посветеност и истрајност младите можат да постигнуваат значајни спортски успеси.

Честитки до Ерик, Лука и Стефан! Општина Карпош им посакува уште многу успеси, медали и спортски достигнувања во иднина!