Општина Карпош изгради нови скали и нови пешачки патеки од левата и од десната страна на мостот Обединети нации, кои водат до спортските терени во Влае и до Кејот на Вардар. Пешачките патеки се прилагодени за пристап и на велосипедисти.