Денеска се поставија нови реквизити на детското игралиште кај Педагошка академија.

 
Реквизитите се донација од страна на  Веро – маркет, а целта е да се обезбеди дополнителен простор за рекреација на најмладите карпошани.

 
Во изминатиов период, Општина Карпош санираше и обнови поголем број на детски игралишта, водејќи сметка да се обезбеди урбана опрема која е изработена од еко – материјали и е безбедна за користење од децата.
 
Врз ова игралиште ќе има и надзор посебно овластено лице, со што ќе се зголеми безбедноста на оваа зона и ќе се спречи уништување на реквизитите.