Општина Карпош продолжува со тековното подобрување и санација на спортската инфраструктура. Утринава започна замената на кошовите на спортското игралиште во ООУ „Владо Тасевски“, во населбата Козле.

 

Се поставуваат четири нови кошови (табли, обрачи и мрежи), со цел да се овозможат подобри услови за спорт и рекреација на учениците. Овие терени, во попладневните часови ги користат и околните жители.

 

Изминатиов период, беа санирани и реквизитите на спортските терени во училиштето „Аврам Писевски“, во Бардовци, а ќе следи обнова и на спортската опрема во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае.

 

Локалната самоуправа ги повикува сите граѓани на одговорно однесување при посета на спортско – рекреативните зони. Целосно да се почитуваат мерките за заштита од Ковид – 19, како и да нема групирања.