Општина Карпош ангажираше овластена фирма, која денеска постави нови стилизирани корпи за отпушоци во околината на ТЦ „Лептокарија“, во Карпош 3 и пред платото на Драмски театар, во Карпош 2. Овие корпи се наменети единствено за отпушоците од цигари и апелираме до граѓаните да се користат исклучително за оваа намена.

 

Локалната самоуправа во изминатиот период промени и дел од корпите за џебен отпад во повеќе населби, со цел да се подигне квалитетот на урбаната опрема и начинот на кој се одлага отпадот.

 

Во тек е и информативната кампања на Општина Карпош за правилно одлагање на комуналниот, џебниот, кабастиот, електричниот/електронскиот отпад. Со тоа што, сите потребни информации за собирни пунктови, контакт броеви и услуги кои ги нудат надлежните институции се достапни на едно место на веб страната (https://bit.ly/35ytD1B ).

 

Карпош продолжува со интензивните активности за заштита на животната средина, затворањето на диви депонии, како и инспекциските контроли за спречување на загадувањето.