Претстои замена на голем дел од старите контејнери и во Општина Карпош.

Локалната самоуправа, со одлука на Советот (во октомври 2018) одвои средства во износ од два милиони денари, токму за воспоставување на новиот систем за  третман на отпадот.

До крајот на оваа година, дел од новите контејнери ќе бидат поставени на главните сообраќајници низ Карпош, но, и на некои покритични локации, мапирани од страна на Секторот за екологија и енергетска ефикасност.

 

Градот Скопје набави 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри со коишто ќе бидат заменети над 1.800 од вкупно 4.500 досегашни стари контејнери, на територија на цел град.

 

Новите контејнери се опремени со механизам за автоматско затворање на капакот, педала за ножно отворање, рачка за отворање приспособена за користење за лицата со попреченост и упатства за правилно користење.

 

Во оваа фаза се набавија и 30 контејнери за селектирање на отпад, четири нови комунални возила, 950 корпи за џебен отпад, 12 електрични машини за вакуумско чистење и 10 електрични возила за чистење и миење на јавни површини.

 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, посочи дека со новите контејнери ќе се замени една третина од постоечките контејнери, а до крајот на мандатот се предвидува замена и на останатиот дел.