Општина Карпош, изврши пет мерења на нивото на бучавата во доцните ноќни часови во ресторанот Сокаче во населбата Карпош 1. При три мерења е констатирано надминување на дозволената бучава и тоа на 16ти, 17ти и 18ти јуни годинава. Општинскиот Инспектор, согласно законските прописи за секое од овие пречекорувања изрече парична казна од по 300 евра или вкупно за надминување на бучава Сокаче треба да плати 900 евра. Инаку, кај истиот ресторан се констатирани диво изградени објекти, меѓутоа сопственикот на ресторанот не се одповикува на поканите на овластениот градежен инспектор. Поради ваквиот начин на однесување поканата допонително ќе биде објавена во 2 дневни весници, а потоа Општината ќе пристапи кон уривање на дивоградбите. Ресторанот Сокаче досега е казнувано повеќе пати, за него граѓаните од Карпош 1 имаат поднесено десетици претставки до Општината и претставува најпроблематичен ресторан на територијата на локалната самоуправа.

Со овие 3 казни Сокаче има вкупно 13 парични казни, а изречена му е и забрана за вршење дејност. Општина Карпош ги повикува полицијата, пазарниот инспекторат и УЈП да преземат мерки во рамки на своите ингеренции и согласно законските прописи против ваквиот начин на работењето на рестораснот кој што врши тортура врз граѓаните на Карпош 1.