Општина Карпош продолжува со реконструкција на фасадите на нејзина територија. Три објекти, познати како романски кули, во населбата Тафталиџе 2, ќе добијат нов урбан лик.

Освен разубавување на колективните станбени објекти, станарите ќе добијат енергетско ефикасни фасади кои ќе им ги намалат трошоците преку целата година, односно за греење во зимските месеци и ладење во летниот период. Во рамките на планираните 41. реконстурирана фасада за 2016 година, со овие три објекти, кои се привршуваат, локалната власт е на повеќе од половина пат во обновување и разубавување на изгледот во Карпош, како и во интенцијата за максимална заштеда во трошоците за секое семејство.

 Ова лето го започнавме со реконструкција на фасади, а така и ќе го завршиме. Продолжуваме со изработката на енергетските фасади, при што, овој пат работиме на улицата “Женевска„ каде што ги реконструираме таканаречените романски фасади на трите објекти со број 6, 8 и 10. Целата инвестиција, која е обезбедена од локалната самоуправа чини 14.300.000 денари и ја изведува градежната фирма „Гермак“, истакна градоначалникот Стевчо Јакимовски во изјавата за медиумите.

                        Со оглед на интензитетот на работа околу реконструкцијата на термички фасади на објкетите на територија на Општина Карпош, се очекува дека истите ќе завршат до почетокот на декември  2016 година.