Општина Карпош денеска ја реализираше завршната фаза од големата еколошка акција во чии рамки беа засадени околу 200 нови дрвја. По тој повод, локалната самоуправа го збогати дрвниот фонд на своја територија со повеќегодишни квалитетни израснати дрвја од типот Јасен, Јавор, Багрем, Липа, како и зимзелена Туја и украсни повеќегодишни грмушкасти растенија од типот Лаванда.

Почнувајќи од плоштадот Делфина во населбата Влае, општинските служби го обновија зеленилото на повеќе локации во населбите Тафталиџе 1 и 2, во Карпош 3 и 4, а нови дрвја беа наседени и околу Млечниот ресторан во У.З „Владо Тасевски“, околу плоштадот кај Педагошкиот факултет и на плоштадот во Бардовци.

              Општина Карпош годинава презеде повеќе еколошки иницијативи со цел, облагородување на меѓублоковското зеленило околу колективните станбени објекти. Конкретнава акција ја реализираше како една од превентивните мерки во борба против загадувањето и одржувањето на здравата животна средина.