Јубилејното четириесетгодишно постоење на Општина Карпош, беше повод  денеска, градоначалникот на Општината Стевчо Јакимовски,  да додели  дидактички материјал и играчки во градинките кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.  

Во градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 2, првиот човек на Општината Стевчо Јакимовски  напомена дека првата градинка изградена и пуштена во употреба во Република Македонија, е градинката ,, Орце Николов“, која се наоѓа во Општина Карпош.

 

–                    Градинката „Орце Николов“ , прослави голем јубилеј, 70 години постоење и функционирање како детска установа која ги згрижува најмладите жители. Исто така градинката „Пролет“ прослави значаен  јубилеј од 50 години, што значи нашата локална самоуправа ги има едни од најстарите детски установи во  државата. Оваа година традиционално им подаруваме играчки на дечињата, по четврти пат со кои ќе можат да го развиваат својот интелектуален потенцијал и својата креативност, нагласи градоначалникот Јакимовски.

 

Првиот  човек на Општината, истакна дека реквизитите  се од најсовремен тип, и сите 11 пакети кои се предвидени за градинките и нивните клонови во локалната самоуправа , чинат околу 100.000 денари.

 

–                    Постојано вложуваме како и во надворешна реконструкција, така и во ентериерното опремување на детските установи, со цел нашите најмлади жители  да се едуцираат и воспитуваат во најсовремени услови. Започнавме реконструкција на градинката „Орце Николов“, во Карпош 4, како и на градинката „Мајски Цвет “ во Тафталиџе 2. Клонот на градинката „Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1, целосно ќе го изградиме и реконструираме,  со што ќе добиеме детска установа од најсовремен тип, каде што најмалите Карпошани, ќе може да престојуваат, да се воспитуваат и да учат, прецизираше градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

 

Директорката на ,, Мајски Цвет“ Снежана Радиќ- Подгорец, му подари на првиот човек на локалната самоуправа,  рачна изработка од  дечињата во оваа градинка.