Во финална фаза на реализција е детското игралиште во населеното место Криви Дол, во Општина Карпош. Поставени се дел од детските реквизити и урбаната опрема (клупи и корпи за отпадоци).

 

Дополнително, ќе се постави и осветлување во овој дел од населбата, а овој потег ќе се уреди и хортикултурно. Се предвидува поставување на нови дрвца и садници, со цел да се добие мини парк за рекреација и одмор на сите посетители.

 

Во ова место, долги години не се инвестираше и делуваше отсечено од урбаното јадро. Во Криви Дол целосно ќе се реконструира и главната улица Новопроектирана улица 4а,  која претставува главен пристап до домовите на голем број граѓани.

 

Во изминатиот период се направија нови детски игралишта во повеќе населби, а тековно се одржуваат и санираат постоечките вакви зони.