Основците од ООУ „ Братство“ добија нова училница за следење на настава. Со преградување на простор од наставничка канцеларија,  и со соодветно ентериерно опремување на просторијата, адаптирана во училница, училиштето го зголеми својот капацитет за запишување на ученици.

Општина Карпош како  локална самоуправа, меѓу приоритетите ги има подорбување на условитеза одвивање на образовниот процес, и за  таа цел во континуитет ги реновира предучилишните и училишните објекти кои се наоѓаат на нејзина територија, и постојано вложува како во воспитно-образовниот, така и во наставно-образовниот процес.