Општина Карпош постави нова урбана опрема, клупи за седење и корпи за отпадоци, во повеќе населби: во Козле (помеѓу кулите на улицата „Јуриј Гагарин“), кај црквата во Жданец, Тафталиџе 1, Карпош 2  (на ул. „Руѓер Бошковиќ“) и во Карпош 4  (ул. „Вич“).

 

Оваа нова урбана опрема е поставена на јавни површини, во маалски паркови, каде што  граѓаните можат да поминуваат дел од слободното време.

 

Локалната самоуправа ги повикува сите граѓани, овој период да избегнуваат собирања во затворен простор каде што се присутни повеќе луѓе.

 

Се препорачува да се прават кратки прошетки, на свеж воздух и притоа да се почитуваат препораките од здравствените власти во насока на спречување на ширењето на коронавирусот.