По повод патрониот празник на ООУ „Димо Хаџи-Димов“ (18. Октомври)   во ова училиште во Карпош  свечено беше пуштена во употреба трим патека (патека за спортско и рекреативно трчање). Оваа патека е наменета за учениците од одделенска настава, со која поефективно ќе се одржуваат  часовите по физичко и здравствено образование, односно претставува збогатување на реквизитите за  реализација на програмата по овој наставен предмет.
Истата трим патека, ќе биде користена и за рекреативни цели, односно основците ќе можат да ја  користат дополнително, надвор од предвидените часови по физичко воспитание.