Детското игралиште во Карпош 3 доби целосно нови реквизити (лизгалки за деца и лулашки), како и урбана опрема (клупи, ограда), со цел побезбеден престој на децата во овие зони за игра и рекреација.

Локалната самоуправа во изминатиот период реконструираше голем дел од постоечките детски игралишта, а целосно се обновија и детските паркови во Влае 1 и Козле.

Новите реквизити се изработени од еко – материјали кои се безбедни за децата и околината.