Општина Карпош успеа да добие неповратни 75.000 евра од Светска банка како „грант за успешност“ на претходно реализираниот заем за реконструкција на повеќе улици и изградба на атмосферска канализација.

Станува збор за грант кој изнесува 10 отсто од вкупно искористениот заем, кои неповратни средства, Општината ќе ги искористи за да се „поднови“ со две цистерни за миење на улиците низ Карпош, еден кипер  со плуг за расчистување на снегот и мразот во зимски услови и со распрскувач на сол, како и една машина за чистење на плоштадите и платоата низ територијата на локалната самоуправа, односно рачен вшмукувач на лисја и поситен отпад од јавните површини.

          Одлуката за ваквиот начин на искористување на најновиот грант од Светска банка  претходно ја одобрија сите советници од Советот на Општина Карпош.