Општина Карпош започна со реконструкција на  спортското игралиште „Сокол“ во Карпош 1. Денеска се постави нова заштита мрежа на јужната страна од теренот ( позади голот, наспроти амбулантата), бидејќи постојната беше значително оштетена. Локалната самоуправа во иднина ќе го санира целосно ова игралиште, кое е популарно свртилиште за жителите од овој дел на Карпош, односно ќе постави нови столчиња на трибината, и ќе ги бојадиса металните конструкции на трибината, за да се заштити од корозија.

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, постојано нагласува дека инвестирањето во игралишта, спортски терени, создавање на спортско-рекреативни зони се еден од главните приоритети на локалната самоуправа, се со цел да се развие спортскиот дух кај младите, како и кај сите карпошани.