Започна втората фаза од поставување на нова атмосферска канализација на ул. „Рампо Левката“, која ќе се поврзе со улицата „Рузвелтова“. Општина Карпош за овој инфраструктурен проект издвои 1.800.000,00 денари, а изведувач на градежните работи е фирмата „Енерго монтажа“.